Се чисти кејот на Вардар од Хром до Сарај

Во координирана акција со Град Скопје, општина Ѓорче Петров стартуваше со голема акција за чистење на кејот на Вардар во должина од 4 километри, од Хром до мостот во Сарај.

По тој повод, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов заедно со неговиот колега Александар Наумоски го посетија кејот на Вардар.

Овој дел од Ѓорче Петров е особено атрактивен во изминатиот период. Граѓаните викендите ги минуваат на стазите и во парковите околу.

Се крати вегетацијата, се чисти сметот. Поставени се и корпи за џебен отпад. Бехатон плочките долж кејот се поминуваат со машина за перење под притисок. Онаму каде недостасува, се поставува нов бехатон.

Се очекува до понеделник акцијата да биде завршена. Апелираме до сите граѓани да го сочуваме просторот чист и да не се фрла смет наоколу, туку да се користат корпите.