Се чисти каналот во Ново Село

Општинските служби заедно со АД „Водостопанство“-Скопско Поле го чистат каналот за наводнување во Ново Село со што создаваме услови за подобар проток на вода.

Отстранета беше претежно висока и ниска вегетација, но и смет. Работиме на изнаоѓање решение и за останатите канали и очекуваме санација во брзо време.