Се чистеа и косеа површини во Дексион

Општинските служби во текот на изминатите денови работеа на темелно чистење и на косење површини во Дексион, особено кај последната станица на автобусот со број “5” и кај каналот.
Наидовме на многу позитивни реакции од граѓаните, по што службите ќе ја продолжат акцијата и во текот на деновите што следуваат.