Се уредува зеленилото кај игралиштето “Македонски лавови”

Во текот на денешниот ден, службите на општина Ѓорче Петров излегоа на терен да ја искосат тревата, односно да го уредат зеленилото, експресно по реакциите од нашите граѓани за појава на змии кај игралиштето “Македонски лавови”.
Tревата се коси навремено и напоредно на цела територија на Ѓорче Петров, особено по најавите за нагло затоплување на времето. Но, и покрај тоа, ги повикуваме граѓаните, доколку имаат забелешки, веднаш да пријават на телефоните во општината, како би можеле навремено да регираме.
Истовремено, организиравме и уредување на зеленилото во ООУ “Димитар Поп Георгиев Беровски”, каде исто така имаше реакции за наводна појава на змии, особено во задниот дел на училишниот двор.