Се санираа ударни дупки во Кисела Јабука

Во соработка со ЈП “Улици и патишта”, на барање на граѓаните, општина Ѓорче Петров интервенираше на делови од Кисела Јабука, особено на улиците 10 и 46.
Ги саниравме штетите настанати од претходно невнимание, кои подоцна претставуваа проблем за граѓаните. Асфалтирани се сите ударни дупки.