Се реконструира улицата “Знеполе” во Ѓорче Петров

Почна реконструкцијата на “Знеполе” во Ѓорче Петров со што целосно ќе се промени изгледот на улицата и ќе се реши долгогодишниот проблем на граѓаните со сообраќање во овој дел на населбата.
Реконструкцијата се врши со средства од MSIP-NCB-067-17, кредит од Светска банка од лани. Со овој кредит, предвидена е реконструкција и рехабилитација на четири улици.
Освен на “Знеполе”, ќе реши сообраќајницата и на улицата “Пробиштипска”. На улиците “Алексa Демниевски” и кружна “2” кај ООУ “Мирче Ацев”, пак, веќе при крај се градежните работи за изготвување на сообраќајница, водовод и атмосферска канализација и електрични инсталации, исто така со средства од кредитот.
Изведувач на зафатите е Друштвото за градежништво, трговија и услуги “Ленди Груп ДООЕЛ”.