Се разгледуваат условите за проширување на градинките

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски и заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, заедно со претставници од Светска банка во земјава ги разгледаа можностите за проширување на капацитетите на градинките во Ѓорче Петров.

При посетата на градинката “Пампурче” во Даме Груев заеднички беше констатирано дека Ѓорче Петров има итна потреба од нови простории за најмладите, со што драстично би се намалил бројот на дечиња кои подолго време чекаат за упис. Во изминатиот период, постојано се работи во таа насока и во правец на подобрување на условите во просториите за престој. Веќе за следната година, очекуваме остварување или старт на проекти поврзани со градинките.