Се откажува втората форумска сесија „Идеи за Ѓорче“

Втората форумска сесија „Идеи за Ѓорче“ која требаше да се одржи утре (12.03.2020) во Домот на култура во Ѓорче Петров се откажува поради препораката од Владата за избегнување собири на отворено и затворено, како мерка за превенција од Covid 19 вирусот (корона).

На првата сесија минатата недела граѓаните ги даваа своите идеи и предлози и дискутираа за проблемите кои ги засегаат.
Општина Ѓорче Петров на располагање има финансиски средства од проектниот грант од проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации – UNDP со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC кои треба да ги искористи за одреден проект.

За терминот за втората сесија, граѓаните дополнително ќе бидат известени.