Се менува кровот во ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“-централно

Општина Ѓорче Петров во континуитет создава најсовремени услови за школските денови на најмладите. Од минатата недела го менуваме кровот на училиштето “Димитар Поп Георгиев-Беровски” – централното.

Се поставуваат најсовремени лимени панел плочи, со изолација и одлична хидро заштита. Според динамиката, се очекува наскоро проектот целосно да заврши.