Нови фонтани во реонскиот парк

Во текот на оваа недела реонскиот парк во срцето на Ѓорче Петров ќе добие нова урбана опрема. Ги менуваме постоечките стари со најсовремени нови фонтани со вода за пиење.
Заедно со Корзото во непосредна близина чие отворање се најавува за наскоро, паркот во центарот на Ѓорче добива целосно нов лик.