Се инсталираат прочистувачи за вода во 5-те објекти на градинката Росица

Децата од ЈОУГД ,,Росица” ќе добијат чиста и здрава вода за пиење. Со поставувањето на филтрите значително ќе се подобри квалитетот на водата, ќе се спречат заразните болести, ќе се подобри нивото на хигиена и ќе се заштити здравјето на нашите идни генерации .

Иако водата доаѓа од Рашче, причината за поставување на овие филтри, се старите водоводни системи низ кои поминува водата.

Монтажата на прочистувачите за вода ќе биде спроведена во два дена.

Здравјето на дечињата ни е најважно!

За прочистувачите за вода ЈОУГД ,,Росица” одвои околу 300 000 денари.