Се задолжуваат училиштата да вршат редовна дезинфекција

По прекинот на наставниот процес во училиштата и градинките во општина Ѓорче Петров се спроведе вонредна дезинфекција во овие објекти.

Училиштата во деновите што следуваат имаат обврски да обезбедат дежурства од вработените, да обезбедат средства за хигиена и дезинфекција во доволни количини и редовно да вршат дезинфицирање на главните и споредни влезови, просториите што ги користи обезбедувањето и просториите на дежурните вработени.