Се дезинфицираат градинките

Во градинката ,,Росица ” во сите пет објекти во Ѓорче Петров се преземени неопходни мерки во врска со хигиената.
Темелно се исчистени со средства за дезинфекција сите занимални, ходници, тоалети, како и на сите влезови се ставени крпи со дезентал кои постојано се менуваат.
Пред да се почне повторно со работа, во зависност од состојбата со корона вирусот, персоналот повторно ќе ги преземе сите хигиенски мерки. Истата процедура ќе биде спроведена и во основните училишта.