Се асфалтира пристапната улица кај гробиштата во Ѓорче Петров

Град Скопје во соработка со АД „Бутел“ изминатите денови работеше на асфалтирање на улицата кај гробиштата во Ѓорче Петров.
Со ова, се елиминираат долгогодишните потешкотии при движење на пешаците и сообраќање на возилата во тој дел од општината.