Септември-месец на „Звуците на културата“ во Ѓорче Петров

Од  19 до 23 септември во општина Ѓорче Петров ќе се одржува манифестацијата „Звуците на културата“ која првпат годинава за посетителите ќе понуди многу интересни, но и несекојдневни содржини од повеќе сфери и за сите возрасти.

Програмата која изобилува со културни, музички и спортски настани, стартуваше на 10 септември со отворање на спортската манифестација во мал фудбал “Геге-куп” која после долги години се враќа на игралиштето во основното училиште “Страшо Пинџур”. Воедно, во рамки на тие 10-тина дена предвидени за незаборавни моменти во Ѓорче Петров, на 20-ти септември ќе биде одбележан и патрониот празник на општината.

Македонски познати музички бендови и изведувачи, базар, културни и спортски игри, работилници за деца, театарски претстави, хуманитарна акција, кино-проекција на отворено, катче за вдомување и помош на бездомни животни, ракотворби, баскер перформанси, како и презентација на храна и пијалоци од локални производители е само дел од она што ќе може да се види и слушне во Ѓорче Петров во средината на месецов.

Ве покануваме да бидете дел од настаните.