Семејството Симоновски го доби ветениот инхалатор

Заврши акцијата за доделување на зимски јакни за лицата со социјален ризик

Здравјето за најмалите ни е најважно. Во рамките на акцијата зимски јакни за социјално ранливите категории, при посетата на  9 – членото смејство Симоновски кое  живее на работ на сиромаштија, увидено беше дека  беше дека најмладиот член се наоѓа во лоша здравствена состојба. Семејството истакна дека во моментов најнеопходно на детето му е инхалатор, при што  општината се обврза дека истиот ќе им го обезбеди.

Денеска, службите за социјална заштита повторно го посетија семејството Симоноски и им го доставија инхалаторот, со чија помош ќе се олесни дишењето на едногодишното дете.

Воедно, финишираше акцијата за доделување на зимски јакни  на социјално ранливите категории. Последните јакни беа доделени на 80 ученици во 6-те основни училишта во општина Ѓорче Петров.