Сведителствата од прво до осмо одделение ќе се делат во септември

По препорака на Министерството за образование и наука, поради состојбата со Ковид-19 и во насока на заштита на децата, општина Ѓорче Петров донесе одлука за учениците од прво до осмо одделение сведителствата да бидат поделени на почетокот на септември.

Ова не важи за учениците од 9-то одделение за кои веќе се поделени и за оние кои имаат итна потреба од сведителство, поради одредени причини.

За датумот дополнително ќе бидете известени.