Санирање на ударни дупки и пукнатини со еластичен асфалт

За прв пат во општина Ѓорче Петров се пополнуваат асфалтните оштетувања на улиците со еластичен материјал Plastasphalt.
Трендот на воведување иновативни решенија продолжува. Plastasphalt се вградува и суши само за неколку минути. Изработен е врз принципот на циркуларна економија, односно произведен од рециклирани остатоци од гуми врз основа на современи технологии.
Со денешното вградување на материјалот од страна на германска компанија која основа свое претставништво и производствени капацитети во земјава, започнува процесот на следење на квалитетот на материјалот а со цел истиот во иднина да се користи на целата територија на општината.
Еластичните својства го прават Plastasphalt® добро прилагоден за автопати, магистрални патишта и внатрешни градски патишта со густ сообраќај. Plastasphalt® се користи во поголемите европски градови како Берлин, Копенхаген и Хамбург и на автопатите и патиштата во Германија и Данска.
Plastasphalt® може да се изведе за неколку минути со скоро без опрема, во мали тимови со две лица и камион. Патиштата се санираат со минимално нарушување на текот на сообраќајот. Поправената асфалтна површина е подготвена да прифати сообраќај неколку минути по апликацијата, со што Plastasphalt® е идеално решение за области со густ сообраќај.
Plastasphalt® се произведува во согласност со тековните еколошки правила. Произведен е и се применува без загадување. Гумената состојка се добива од рециклирани остатоци од гуми, придонесувајќи за намалување на загадувањето од употребувани гуми.