Санирање на ударни дупки во општина Ѓорче Петров

Во соработка со ЈП ,,Улици и патишта” се санираат ударни дупки на улица ,,Марк Твен”, сообраќајница која ја поврзува индустриската зона на Ѓорче Петров со општина Карпош.

Екипите на ЈП ,,Улици и патишта‘‘ ги санираа и дупките на мостот кон населбата ,,Даме Груев‘‘.