Санирана штетата од невремето во ООУ „Тихомир Милошевски“

Во најкус можен рок санирана е кровната површина во ООУ „Тихомир Милошевски“ оштетена од неодамнешното невреме.
Часовите се одвиваат редовно, а изгубената настава ќе се надокнади, според законското решение од Законот за основно образование.