Рехабилитација на дел од улицата “Исаија Мажовски”

Општина Ѓорче Петров стартуваше со рехабилитација на дел од улицата “Исаија Мажовски” покрај градинката во Хром, со што се решава долгогодишен проблем на тамошните жители за кој реагираа подолго време.
Истовремено, во текот на утрешниот ден ќе биде завршено и поплочувањето на новата пешачка патека за граѓаните на Хром, во должина од 400 метри, од улицата “Исаија Мажовски” до градинката.