Рехабилитацијата на ул.“Исаија Мажовски” навремено завршена

Завршена е рехабилитацијата на улицата “Исаија Мажовски” покрај градинката во Хром која ја стартувавме неодамна. На лице-место градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски се увери дека санирани се сите оштетени делови, а улицата е целосно реконструирана и адаптирана за движење и сообраќање. Неодамна, во тој дел на Ѓорче Петров поплочивме и нова пешачка патека за граѓаните на Хром, во должина од 400 метри, од улицата “Исаија Мажовски” до градинката.