Реконструкција на улици во урбан дел на општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров започна со реконструкција на десетина улици од урбаниот дел . Ќе се поставува нов асфалт на должина од околу 2000 метри. Во моментов се работат три улици во населбата Дексион, Мијачка, Островска и Драговити.

Листа на улици со должина:

Ул. ,,Алекса Демниевски‘‘ крак 23- 250 метри и крак 29-145 метри

Ул. ,,Струмјани‘‘-210 метри и Ул. ,,Мијачка‘‘-150 метри

Ул. ,,Островска‘‘-165 метри и Ул. ,,Драговити‘‘-230 метри

Ул. ,,Знеполе‘‘- 125 метри и Ул. ,,Мис Стон‘‘ 346 метри

Ул. ,,Смолјани‘‘-145 метри