Реконструкција на улица ,,Кузман Шапкарев‘‘ во населба Дексион

Започнува реконструкцијата на улица ,,Кузман Шапкарев‘‘ во населба Дексион. Ќе се постави нов асфалт во должина од 350 метри. Широчина на коловозот 9 метри.
Истовремено ќе се изведат и тротоари на двете страни на улицата со променлива широчина од од 0,5-2 метри. Во тек е поставување на подземна електрична инсталација долж улицата. Средствата за реконструкција на ,,Кузман Шапкарев‘‘ги обезбеди Министерството за транспорт и врски преку Светка Банка во висина од 9,9 милиони денари.
Претходно на овој коловоз, општина Ѓорче Петров постави атмосферска канализација.