Реконструкција на улицата “Јосиф Ковачев”

Службите на општина Ѓорче Петров деновиве ја реконструираа улицата “Јосиф Ковачев” која беше затекната во доста лоша инфраструктурна состојба.

По серијата реконструкции на улици во сите делови на општината, апелираме на трпеливост кај граѓаните, бидејќи во програмите за работа за 2019 година кои се работат во моментот, ќе бидат вметнати сите критични делови на Ѓорче Петров.