Реконструкција на подземната инсталација кај ООУ “Тихомир Милошевски”

Поради претходна, согласно тоа што екипите увидоа на терен, веројатно несоодветна изведба при поставување атмосферска канализација, општина Ѓорче Петров изврши реконструкција на подземната инсталација со цел да не се собира вода пред училиштето “Тихомир Милошевски”, спроти него, кај автобуската постојка и домовите во близина, при поројни дождови.
Со овој зафат, го решивме проблемот на тамошните жители со собирање големо количество вода, за кој тие претходно реагирале во повеќе наврати во општината.