Реконструкција на “Пекљане 1” во Даме Груев

Општина Ѓорче Петров во соработка со ЈП “Улици и патишта” врши реконструкција на улицата “Пекљане 1” во Даме Груев.

Во насока на подобрување на лошата состојба која ја затекнавме во Ѓорче Петров во однос на инфраструктурата, неуморно работиме граѓаните да добијат соодветни услови за движење и сообраќање по улиците. Следни за реконструкција се “Пекљане 3” и “Пекљане 5”.