Реконструкцијата на “Алекса Демниевски” и патот кон крстот во Кучково во последна фаза

Во финална фаза се реконструкцијата на улицата “Алекса Демниевски” и патот кон крстот во Кучково. Веќе е поставен асфалтот, а интервенирано е и со нова атмосферска канализација на “Алекса Демниевски”.
Кон крстот, пак, се реконструираше во должина од 2.130 метри, а ширина од три метри. Следно, се очекува поставување и на банкини од двете страни на патот.