Реконструирана училишната ограда на Мирче Ацев

Основното училиште ,,Мирче Ацев” добивa нова ограда. Општината со поддршка на УСАИД, ја реконструираше дотраената ограда во должина од 370 метри.

За релизација на градежните работи, општината издвои 933 000 денари а средствата на УСАИД се обезбедени преку проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, спроведуван од МЦГО  во висина од 830 000 денари.

Рокот за реализација на оградата е 31 декември 2020 година.

Со  финализација на овој проект значително се зголемува безбедноста на учениците и вработените во училиштето, но и ќе се спречат можни напади на вандализам.

Училиштето Мирче Ацев е едно од 12 училишта во земјава кои добија грант од  Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.