Реакција на изјавата на Данијел Апостолоски советник во Советот на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Очигледно е дека пандемијата со Ковид-19 е терен за ситно партиско профитерство на ВМРО ДПМНЕ. Здравствената криза ги загрижува сите, освен гласноговорниците на опозицијата. Преку лаги и невистини се обидуваат да креираат проблем онаму каде што го нема.

Апсолутна невистина е дека во клонот Детелинка од Градинката Росица нема греење за дечињата и персоналот. Десет дена објектот се загреваше  со алтернативно решение (клима уреди) поради дислокација на резервоарот  за нафта заради изведување на градежни работи ( доградба на објектот со две занимални). Објектот се загрева во текот на целиот работен ден од 06.00 до 17.00 часот, со што во просториите се постигнува температура за нормално одвивање на воспитно-згрижувачкиот процес. Во најкус рок резервоарот  повторно е вратен и приклучен на цевките на системот за загревање и од денеска целиот објект се загрева на нафта.

Грижата за најмалите била и ќе остане главен приоритет на општина Ѓорче Петров. Локалната самоуправа нема да дозволи да се собираат ситно партиски поени врз грбот на децата.

Исцртувањето на  нови згради и печалењето од нив беше одлика за едно друго кримнално време.

Во ова време на здравствена криза, целта на локалната самоуправа е преку максимално почитуавње на протоколите да обезбедиме здрава средина за одвивање на воспитно-образованиот процес во градинките и училиштата.