Расчистен снегот на  патиштата кон Кучково, Никиштани и Орман

Обезбеден пристап до сите патишта кон руралниот дел од општината кој е под снег. Проодни се сообраќајниците до селата Орман,  Никиштани и Кучково. Фрлени се 12 тони сол, а со целата механизација комуналните служби обезбедија нормално функционирање на жителите од овој дел на Ѓорче Петров. Општината во континуитет ја следи состојбата  како и најавите за нови врнежи од снег, а службите се подготвени да одговорат на зимските услови.