Расчистен сметот кај срушената градинка во Дексион

Општинските служби продолжуваат со интензивно расчистување на помали и поголеми депонии низ Ѓорче Петров, а на дел од нив надлежните излегуваат и по пријава на граѓани.
Во текот на изминатиот период се работеше на акции за расчистување на срушената градинка во Дексион и дивата депонија кај резервоарите за вода во Волково.