Елиминирана уште една дива депонија. Го вративме достоинството на кејот на Вардар во населба Хром. Во соработка со ЈП ,,Комунална хигиена” изнесени се 6 камиони или 66 метри кубни претежно градежен шут.
Отпадот кој со години се депонираше на оваа локација повеќе е минато. Општинската комунална служба во рамки на своите можности и минатата недела два дена работеше на оваа локација, а денеска со механизацијата на ЈП Комунална хигиена (багер и камион), целосно е расчистена депонијата.
Можеме ли да ја одржиме чиста природата?
Зависи од нас!