Рамноправни и еднакви ! Честит 8-ми март

Жените денеска го прославуваат 8-ми март како ден на борбата за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Меѓународниот ден на жената е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Историјатот на одбележување на Меѓународниот ден на жената е поврзан со името на Клара Цеткин и Роза Луксенбург. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 година во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911 година овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.