Разубавен дворот во објектот „Калинка“

Дворот во објектот “Калинка” доби нов лик. Во разни бои, надворешниот дел во кој дечињата минуваат голем дел од нивното време кога временските услови дозволуваат, е исцртан со шарени дизајни, воглавно од детските цртани.

Најмладите се нашата радост и иднина. Токму затоа, надлежните во општина Ѓорче Петров неуморно работат да создадат подобри услови за нивното секојдневие.