Работилница за Џез Музика насловен ,,Џез Катче” во изведба на ,,BELLUCI QUARTET”

Во ЈОУДГ,, Росица ” – Ѓорче Петров , во објектот ,,Калинка” со почеток од 9.30 часот се одржа Концерт и Работилница за Џез Музика насловен ,,Џез Катче”  во изведба на ,,BELLUCI QUARTET” -проект поддржан од Министерството за Култура.

За прв пат децата од 2-6 години се запознаа со ваков вид на музика и нови инструменти.Концертот беше интерактивен , децата со задоволство ги слушаа изведбите  и музиката предизвика пријатни чувства кај нив. Самите изразија желба да слушнат некои песни кои ги познаваат и ги пееа истите.На наше задоволство на овој настан присуствуваа и претставници од општината.