Работа со странки само со приоритетни барања врзани со рокови

Согласно мерките и заклучоците на Владата на Република Северна Македонија, а во врска со состојбата со ковид-19 вирусот, администрацијата на општина Ѓорче Петров во наредните 14 дена ќе работи само со странки кои имаат приоритетни барања врзани со рокови.

Активни се телефонските броеви 20 39-307 и 20 44-411, доколку имате потреба, како и електронската пошта на kontakt@opstinagpetrov.gov.mk преку која може да не контактирате.