Работата на полицијата во Ѓорче Петров на дневен ред на 15-тата седница на Советот

Извештајот за работа на полициската станица во Ѓорче Петров за првите шест месеци од 2018 година кој воедно беше и усвоен од советниците, денеска беше на дневен ред на 15-тата седница на Советот.

Констатирано е значително подобрување на работата на полициските службеници, намалување на кражбите на територија на општината, а зголемена безбедност по улиците во Ѓорче Петров, како и зголемено присуство на полициските сили.

Меѓудругото, советниците позитивно се изјаснија и за Предлог-одлуката за прифаќање и поддршка на проектот “Енергетско-ефикасни домови” во општина Ѓорче Петров, како и условите, критериумите и начинот на субвенционирање и поддршка на проектот наменет за станбени згради.