Пуштена нова линија на улично осветлување

По дваесет години мрак, улицата ,,Алексо Демниоски 27” доби улично осветлување. Општинската служба ја пушти во употреба новата линија на кракот 27, во должина од 120 метри. Поставени се 5 метални столба со улични светилки.  Конечно, жителите од оваа улица,  добија квалитетна услуга, безбеден пристап до своите домови и модерен систем на осветлување.