Промовирано катчето „Во имагинарниот свет на децата“

Во реонскиот парк во Ѓорче Петров, заедно со Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ беше промовирано ново катче за најмладите на тема „Во имагинарниот свет на децата“.

Општината истовремено работи и на зазеленување на овој дел од населбата со нови инсталации.

-Со новите детални урбанистички планови, сите паркови остануваат недопрени. Во тој контекст, ги демантирам сите информации за наводна изградба на згради во паркот, напротив, видливо е дека подигнуваме исклучиво зелени површини и детски катчиња – изјави градоначалникот Александар Наумоски по промоцијата на катчето.

За реализација на оваа просторна едукативна инсталација, Градот одвои 1,8 милиони денари.