По барање на жителите, ЈП ,,Паркови и зеленило” денеска на неколку локации во општината, работеше на кастрење на крошните на дрвјата, сечење на суви дрвја како и на дрвја кои претставуваат потенцијална опасност за минувачите, возилата и објектите. За секое исечено дрво, на истата локација или во близина ќе биде засадено ново дрво.
Паралелно се работи на хортикултурно уредување на јавните површини. На две локации беа засадени 500 цветни садници со темјанушки.
Да создадеме чисто и зелено Ѓорче за сите.