Проектот „REPLACE“ ќе помогне за примена на ефикасни системи за греење во објекти

Саша Максимовски и Иван Марковски – вработени во општина Ѓорче Петров учествуваа на првиот состанок на работната група на проектот „REPLACE“ во кој општина Ѓорче Петров е партнер и активен чинител во градење политики за примена на ефикасни системи за греење.
Работната група се состои од врвни експерти од областа предводена од претставници на МАНУ. Од проектот се очекуваат повеќе резултати, а еден од нив е изработка на техно-економски водич кој се очекува да помогне во примената на ефикасни системи за греење кои во објекти во надлежност на општина Ѓоче Петров веќе се инсталираат.
Целта е поставена, сите училишта и детски градинки во општината ќе имаат современи и ефикасни системи за греење што е голем предизвик, но реално остварлив, бидејќи искуството што го имаме ни дава за право да се надеваме дека поставената цел ќе ја оствариме.
Проектот „REPLACE“ е финансиран од ЕУ и ни е гордост што како општина сме дел од проект кој се реализира во соработка со повеќе земји од ЕУ.