Проекти од прекуграничната соработка бенефит за општина Ѓорче Петров

Градоначалникот Александар Наумоски заедно со својот тим одржа работен состанок  со Раководителот и претставници  на Центарот за развој на Скопскиот плански регион.

На состанокот беа отворени повеќе прашања,  приоритетни проекти кои ќе се подготвуваат и реализираат во текот на 2019-тата.  Акцент  беше ставен на заедничкото аплицирање на проекти во рамки на Програмата за прекугранична соработка, финансирана од ЕУ, помеѓу Р.Србија и Р. Македонија.