Продолжуваат градежните работи за изградба на затворениот пливачки базен

Поставена е монтажна челична конструкција на затворениот базен во основното училиште Димитар Поп Ѓеоргиев Беровски

И покрај отежнатите услови предизвикани од пандемијата темпото на изградба е задоволително.

Се наоѓаме во еден исклучителен важен здравствен период, но исто така важна е и спортската инфраструктура, затоа што по завршување на кризата ќе треба да ги подигнеме спортските  стандарди и задравиот начин на живот пред се кај најмладите, истакна градоначалникот Александар Наумоски при увидот на грдежните работи.

Базенот е дел од проектот за изградба на 14 затворени базени на Агенцијата за млади и спорт.Проектот е со вредност од 38 милиони денари.

Затворениот базен е со димезии 20,40 на 30,35 метри со длабочина од 0,9  до 1,4 метри.

Со ова за прв пат во историјата Ѓорче Петров ќе добие современ, затворен базен, кој покрај учениците за време на викендите ќе може да го користат и граѓаните на општината.