Продолжуваат градежните работи  во ООУ ,,Јоаким Крчовски” во село Волково .  За прв пат после 60 години училиштето ќе добие спортска сала.

Проект на МОН и Општина Ѓорче Петров.

После 60 години, основното училиште ,,Јоаким Крчовски” во с.Волково ќе добие спортска сала. Соодветни услови за физичко образование, развој на спортскиот дух и рекреирање на 400-тина ученици.

Општина Ѓорче Петров ги заврши техничките подготовки за изградба на нова типска сала која ќе се простира на површина од 650 м2 и ќе биде наменета за мал фудбал, кошарка, ракомет, пинг понг, гимнастика.

По прилагодениот терен од страна на општината, Министерството за образование и наука кое е инвеститор на овој капитален проект ги изведува градежните работи ко треба да финишираат најдоцна за една година.

Со овој спортски објект ќе го подигнеме спортскиот дух во нашата општина која години наназад пишува историја на врвни спортисти. Создаваме услови за здрави спортски навики кај младите!

Грижата за создавање услови за здрави спортски навики кај младите продолжува!