Признание за општината од КФСМ за придонес во кошарката

Кошаркарската федерација на Северна Македонија и додели признание на општина Ѓорче Петров за особен придонес во резлизација на активностите, поддршка и промоција на кошарката, со акцент на училишната кошарка.

И во 2020 година, општината ќе продолжи со напорите за развој на училишните спортови, создавање здрави и успешни генерации, како и финансиска поддршка на спортските клубови кои веќе покажуваат успеси во своите лиги.