Приемен ден секој вторник од 9 до 12 часот

Од 9 до 12 часот секој вторник во општина Ѓорче Петров е резервиран за прием на граѓани. Градоначалникот Александар Наумоски и дел од администрацијата која ќе биде присутна на средбите, ќе ги слушне проблемите и сугестиите на граѓаните, со цел навремено и брзо постапување од страна на општината.
Планирано е наскоро, Наумоски заедно со тим од општината, да стартува со средби со граѓани по месните заедници ширум Ѓорче Петров.