Прв концерт на учениците од сите основни училишта

Учениците од сите шест основни училишта од општина Ѓорче Петров учествуваа на концерт под мотото „Пееме во хор, пееме и соло, сите се радуваме, нема веќе школо”.
Концертот беше со цел да се поттикнат учениците да го истакнат својот талент, музички способности, да се мотивираат и да веруваат во својот успех и во своето знаење. Воедно, настанот беше и одлична можност за соработка меѓу наставниците по музичко и децата од секое општинско основно училиште.
Предвидено е овој музички настан во иднина да стане традиционален.