Првоаприлски маскенбал во реонскиот парк

Општина Ѓорче Петров и годинава во реонскиот парк го организира првоаприлскиот маскенбал на кој ќе учествуваат деца од основните училишта и градинките.
Утре во 11 часот и 30 минути почнува дефилето на маски во паркот. Специјални гости се кучето Петко (ликови од познатата македонска детска серија Фамилија 5+) во продукција на ОХО.
За најдобрите маски ќе бидат доделени награди.