Првата новогодишна честитка од најмалдите од градинката ,,Росица”

Најискрените желби доѓаат од најмладите. Градоначалникот Александар Наумоски во својот кабинет имаше посета од децата од градинка „Росица “ кои први му ја честитаа Новата година. На негово големо изненадување тој го доби и првото пакетче, песна и стихотворба.

Наумоски им ја претстави својата работа, проширувањето на капацитетите на градинките, која како еден од врвните општински проритети обезбедува соодветни услови за децата кои голем дел од времето го поминуваат токму таму.

Им посакав добро здравје и среќа, а детството да го паметат единствено преку нивната безгрижност, рече Наумоски.